Кубанска вечер (Son Flamenco) ќе се одржи вечерва од 20 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Посетителите ќе имаат исклучително ретка можност, односно за првпат во Прилеп, да присуствуваат на извонредна музичка вечер.
Проектот го рефлектира кубанскиот идентитет преку музика, гестови, движења и внатрешен ритам на секој уметник. Посетителите ќе можат да уживаат во вкрстено време, звуци, движења, во шоу кое започнува од традиционалната, но со целосно современа кореографска концепција.
Преку музиката и танцот, уметниците ќе го прикажат енергичното, но воедно и елегантно присуство на уметноста на фламенкото, кое минува низ различни стилови, но ќе се прикаже и богатството на типичните кубански ритми.
Вечерта ЦК „Марко Цепенков“ , ја реализира во соработка со општина Прилеп, а таа е дел од поголем проект на ЕКОС FLAMENCO, што е дел од Хаванскиот танцов центар на Националниот совет на сценографски уметности на Министерството за култура на Куба.
извор:нова македонија