Јелена Бабиќ има 27 години, а повеќе е позната по прекарот Хелен. Овој српски модел го донесе светот на модата на колена и со години живее во странство.
Висока, русокоса и убава, а многумина се прашуваат од кога ги наследи толку долгите нозе и убавина. За јавноста е малку познато дека нејзината тетка е познатата пејачка Снежана Снеки Бабиќ.
Се чини дека крвта не е вода, па Јелена ја наследи убавината од тетка и, таа започна со моделство на 13-годишна возраст.
Откако беше откриена на „Elite Model Look“, таа ја започна својата светска кариера и отпатува за Париз.
Иако е успешна манекенка, таа студира економија, а на нејзиниот Инстаграм можете да видите колку ужива во патувањата низ целиот свет.