Радио Милева
непријатна ситуација

Крвав инцидент за време на настапот на Теодора Џехверовиќ – пејачката преплашена (фото)

Крвав инцидент за време на настапот на Теодора Џехверовиќ – пејачката преплашена (фото)

Пејачката Теодора Џехверовиќ доживеала многу непријатна ситуација на еден од нејзините настапи.

Имено, службеници на Полициската управа на Црна Гора интензивно трагаат по лицето кое во раните утрински часови избоде тројца полицајци во дискотеката во Сутоморе. Инцидентот се случил за време на настапот на популарната пејачка и тоа на самиот крај.

Теодора била преплашена бидејќи сè се случило пред нејзините очи, а биле испрашани и сите сведоци.

Полицајците не биле на должност во моментот на делото. Вестите јавуваат дека меѓу ранетите е Новак Мугоша, на кого итно му била извршена операција. Во истиот инцидент со полесни повреди се здобиле и неговите колеги Саша Секулиќ и Веселин Милошевиќ.

Тие реагирале откако група мажи од Нови Пазар почнале да малтретираат неколку девојки кои биле во истиот локал.

Фото:Принтскрин/Ата Имаџес/Инстагарм

Останати вести од Радио Милева