Радио Милева
вешта жена...

Кршењето чинии во кафеана и стана навика, само што овој пат македонска старлета не остави во дилема: Дали Агнеса повешто крши или подобро „меша“? (ВИДЕО)

Кршењето чинии во кафеана и стана навика, само што овој пат македонска старлета не остави во дилема: Дали Агнеса повешто крши или подобро „меша“? (ВИДЕО)

Агнеса Органџиева за едни тазе инфлуенсерка, за други старлета, како што ги нарекуваат познатите личности без јавна просфесија, не престанува да објавува приватни детали од своето секојдневие на Инстаграм.

Не барем од она што и одговара, кога споделува каде е со кого, што прави, што јаде, што пие, како се облекува, каде се забавува и на кој начин… Едноставно се’ што смета дека и оди во прилог го сервира на виделина на својот Инстаграм и приказните на нејзиниот профил, за да  првлече и заинтересира што поголем број од своите следбеници.

Забележливо е дека еден познат елитен ресторан кој е далеку од македонската престолнина во последно време е нејзиното постојано одредиште. Заради квалитетот на храната, нивото на забавата секако, иако не ќе да се тие пресудни Агнеса  и дење и ноќе „да кисне“ во амбиентот кој рака на срце е навистина прекрасен. Мотивите за константнта присутност на русокосата ќе и ги оставиме неа, ама кога веќе не излегува од таму, поинтересно е да се види што таму прави?

Особено кога нивото на забавата ќе ја достигне својата кулминација, Агнеса се впушта во елеминација… И тоа на комплет чинии, чин кој е во локалите кај јужниот сосед оддамна е традиција, а кај нас повремено го откриваат и враќаат во мода, па го практикуваат во првата згодна пригода.

И ако минатиот пат на истата локација Агнеса  на грчка музика  цел комплет чинии „демолираше“, овој пат тоа единствено задоволство го репризираше!

Во истата таа кафеана забавата на максимално ниво, атмосферата одново пуштена на најсилно, а расположението на кумановската старлета исто така… Само што овој пат кршењето чинии русокосата го зачини со танц во ритамот на музиката, додека ги кршеше чиниите…  Начин на забава  во кафеана кој и стана навика, само што овој пат македонска старлета не остави во дилема: Дали е повешта со рацете или во нишањето на колковите? Дали Агнеса повешто крши или подобро „меша“?

Фото и видео: Инстаграм/agnesaorgandzieva

Останати вести од Радио Милева