Радио Милева
распеаната убавица

Кристина Поптрпева е секс бомба со атомски потенцијал (ВИДЕО)

Кристина Поптрпева е секс бомба со атомски потенцијал (ВИДЕО)

Атрактивна, згодна, сексапилна, привлечна, пожелна… со природни бујни атрибути, ги мами погледите на сите оние кои ќе се најдат во нејзина близина, без оглед дали чекори на модните писти, дефилира на изборите за убавина или пее на нејзините настапи заедно со ДЈ Ерик Фокс.

Кристина Поптрпева – името кое до сега сте го слушале како дел од нашата модна сцена, позната како манекенка, мисица и модел една од најангажираните модели на модното студио Црнокрак, по се’ изгледа полека но сигурно влегува во музичките води.

Со природната убавина и атрактивниот изглед, Кристина го зачини и својот талент за музика, па сето тоа спакувано во пакет го понуди како ново име на македонската музичка сцена. Настапите со ДЈ Ерик Фокс, каде таа го зазеде местото на нејзината претходничка, згодната докторка Симона Поповска, само и помагаат да се здобие со самодоверба кога е претставувањето пред публиката во прашање. Но и потребната анимација и забава, зашто само добриот вокал и атрактивниот изглед не се доволни, ако не понудиш возбуда повеќе за масата што дошла да те види, слушне и забавува со твојот перформанс.

Во меѓувреме, Кристина ја сними и својата прва песна, која до душа е кавер верзија од песната на David Guetta, Bebe Rexha & J Balvin – „Say My Name“. Видеото го изработи уметничкиот  фотограф  и режисер Тоше Јанев – Јанус. Истото е како најава за нејзината дебитантска, авторска соло песна, која треба да ја реализира наскоро.

Сепак, манекенството, изборите за мис и модната писта нне се оставени настрана, па така оваа наша убавица веќе одпатува за Либан каде ќе ја претставува Македонија на изборот „Miss Europe 2019“, кој веќе се одржува од 20-ти февруари до 10-ти март, додека финалето е на 8-ми март.

И додека Кристина се обидува да изгради успешна музичка кариера и да се потврди во уште едно успешно претставување на нашата земја, слушнете го музичко кавер првенче на бујната убавица со раскошни телесни атрибути, со стас и глас кој ветува. Секс бомба со атомски потенцијал!

Останати вести од Радио Милева