Радио Милева Забрането за малолетници?

Кристина Димитриевска во „видео за возрасни“, ве има на нишан: Македонската секси мисица во постела, ја чисти цревката на пушката (ФОТО+ВИДЕО)

Кристина Димитриевска во „видео за возрасни“, ве има на нишан: Македонската секси мисица во постела, ја чисти цревката на пушката (ФОТО+ВИДЕО)

За Кристина Димитриевска, македонската манекенка и топ модел очигледно важи онаа, народната: „Вода стои, таа не стои“. И навистина е така, зашто овој пат Кристина најмногу седи, клечи, лежи… а најмалку стои!

Атрактивната тетовка  секси како по навика,  во бела кошула, распослана на постела… Кристина Димитриевска во видео за возрасни ве има на нишан. Но, да не помисли некој дека се работи за некаков еротски клип, некакво од оние популарните „домашни видеа“, иако според првите фото сцени и ова ќе го има знакчето: „Забрането за малоленици“, но од сосема други причини.

Видеоспотот во кој македонската мисица се појавува содржи сцени со оружје, што секако не е препорачливо за гледање на „мали деца“ под 18 години, за случајно, не дај Боже, да не се поистоветат со улогата.

А, улогата на нашата мисица очигледно жестока. Во секси пози седната во постела, као ја чисти цевката на пушката… Вистински „Шат ган“, снајпер  со кој убавицата ве има на нишан… Или барем оној, во кого е вперен нејзиниот „убиствен“ поглед.

Маската од „хорор филмовите“ зад која се крие убавото лице на мисицата само ја зголемува мистиката на приказната, која видеото ја содржи.

Чија е и како се вика песната, како завршува видеоприказната, кога ќе биде премиерата и каква се’ улога има нашата убавица, останува непознаница. Барем засега… Она што може да се види, насети и претпостави, со широко ококорени очи ќе ве остави.

А, кого тоа Кристина Димитриевска има на нишан… останува наскоро да дознаеме.

Она што од прва се гледа е дека, македонската мисица „не зарива нож во грб“… Напротив, таа „пука право меѓу очи“!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

To top