Кога стануваш познат, популарноста ти расте, се’ повеќе си експониран во медиумите, па и социјалните мрежи почнуваат да се занимаваат се’ повеќе со тебе, со твојата работа, приватноста, твојот живот… Стануваш мета на оние кои те обожуваат, но и оние кои не можат „да те поднесат“! И тоа е белким логично објаснување за цената што ја плаќаат јавните личности. Но, кога твоето име, твојот лик, твојот живот некому ќе му стане опсесија, без оглед во позитивен или негативен контекст, тогаш нешто не е во ред! Или со тебе и твоите постапки или со оној, кому обземеноста со твоето постоење му станува „фатална опсесија“!
Токму со ваков проблем се соочува и бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, македонската и балканска убавица, мисица, манекенка, модел и по малку пејачка, Кристина Димитриевска.
Сексапилната тетовчанка откако е сепоприсутна во јавноста, стекна голем број обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, но и таканаречени хејтери, или оние кои не можат „да ја смислат“ ниту неа, ниту нејзината работа и постигања. Логично и нормално, се додека дозата на љубов и омраза не ја премине црвената линија и не прерасне во нешто, што во медицината се се нарекува патологија!
Имено, Кристина има проблем со личност која постојано ја следи и прогонува на социјалните мрежи веќе половина година. Личност која лажно се претставува, под измислено име од лажен профил, од кој нон-стоп на убавицата и „дише во врат“! Кога и самата сфатила дека „ѓаволот ја однел шегата“, Кристина почнала да истражува, па следејќи го трагот, веројатно побарала и стручна Ај-Ти помош и откако го лоцирала „опседнатиот натрпаник“, јавно го обзнани во јавноста.
Така, посочувајќи го неговиот лажен профил таа на своите приказни на Инстаграм посочи дека се работи за лажен профил кој побара да биде пријавен, при тоа објаснувајќи дека зане за кого се работи и дека му подготвува и судска тужба!
За кратко време откако мисицата јавно се пожали, личноста одново се јави… Овој пат го сменила името, па од Татјана станала Вера.
„Тежок психопат е женава, ме прогонува половина година! Државава треба да се занимава повеќе со психички нестабилните“ – напишала Кристина преку новата објава на нејзината мистериозна „следбениничка“ на социјалните мрежи, при тоа обраќајќи и се лично во комуникацијата дека кончено е фатена нејзината Ај-Пи адреса и дека сега ја има в раце, за што „ќе јаде“ и тужба!
Дали приказната со опседнатата и нејзината прогонувана жртва ќе заврши тука, останува да видиме?! Ќе се повлече и ќе престане да и додева, психички напаствува и прогонува убавицата или ќе следи судска разрешница на случајот, па нивната прва средба „лице в лице“ ќе се случи на првото рочиште?
View this post on Instagram
Или можеби Кристина Димитриевска е во тотална заблуда, како што во последната порака од нивната Инстаграм преписка тврди мистериозната „госпоѓа Х“!?
Фото: Инстаграм принтскрин/ kristina.dimitry