Кристина Димитриевска баш решила оваа недела да и биде полна со изненадувања. Или поточно, таа нас да не изненади, па продолжува тоа и да го прави! Иако и каква што беше до сега, ништо не и фалеше, сепак атрактивната тетовка реши нешто на себе да смени. Најпрвин во својот изглед секако, а што поинаку, ако не почнеш од косата и фризурата.
View this post on Instagram
Распеаната убавица преку ноќ од русокоса со подолга коса, се претвори во црнка, подшишана и „испеглана“ во фризурата, која подоцна почна и брановидно да ја модифицира, во зависност од приликата и потребата!
А првата прилика дојде веќе ден-два потоа… На еден од многубројните закажани настапи на Кристина и ДЈ Боно, овој пат во Скопје… Како да е дома, ама сепак на „туѓа територија“ иако структурата на тетовската убавица со повремен скопски престој не и непозната. Можеби и беше само локацијата – еден убав скопски ноќен клуб во кој им беше договорен следниот настап!
Кога се пак настапите во прашање, Кристина секогаш има подготвено модно изненаување за присутните гости. Особено за машката публика чии погледи редовно знае да ги „навлажни“ со својот еротски аутфит. Секси гардероба или барем така во неа Кристина изгледа, за настапот да биде уште пожежесток и пожежок, а со тоа секако и возбудата пуштена на најјако!
Така е секогаш, така беше и овојпат за скопската журка на Дј Боно и Кристина која уште пред да се појави на бината ја остави публиката подзината.
Имено, мисицата-пејачка за скопскиот настап облече нешто што само малкумимна би имале храброст да си го дозволат. Зашто да се види како и стојат разресените пантолани или фармерки, што и да се, што Кристина ги облече за на сцена, нема цена!
Особено додека во нив заводливо нишајќи ги колковите танцува, срцето на секое вистинско машко почнува да прескокнува и „шмелцува“!
И додека Кристина пееше и заводливо танцуваше на бината, не одлепувајќи ги погледите од неа, публиката остана подзината, во прашалници и дилема, што некои ќе ги мачи довека: Дали пејачката таа вечер носеше долна облека?
Дали само така изгледа фиктивно или фактички, на вакви фармерки и не одат гаќички?
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry