На Кристина Димитриевска по неодамнешниот севте јавен музички настап во Велес, по се’ изгледа дека и тргна… Соработката со некои „нови деца“ од музичката Ди-Џеј и (т)рап сцена очигледно полека и го трасира патото кон музичкиот успех. Ако ништо друго, барем поголем од оној што на музички план го имаше досега…
По нејзиниот деби клубски настап со ДЈ Боно ( Бојан Илковски) и Тони и Алек на ред по се изгледа дојде и музичката соработка со некои од нив. Барем такви се најавите на Инстаграм профилот на атрактивната тетовчанка која објави нова тура фотографии, овој пат во друштво со споменатиот соработник.
Кристина и ДЈ Боно фотографирани прилично опуштени и „раскомотени“, онака „разгаќени“, на блиска средба во топла прегратка, во домашна атмосфера?!
View this post on Instagram
На прв поглед прилично романтично, а и загадочно: Од кога тоа мисицата и ДЈ-от преку ноќ станаа така блиски?
Директното интимно прашањето што ДЈ Боно јавно и го поставил на својата згодна пријателка дополнително ја заскокотка љубопитноста… Впрочем, како целата нивна интимна комуникација:
– „Имаш дечко“?
-„Ме остави после сликиве…“
-„Ќути, исто и јас“…
А кога две сродни души ќе се најдат на исто место, во исто време, па уште и со исти љубовни јадови, „меѓусебното тешење“ е неминовно… Ќе прерасне во интимно или ќе остане само работно…? Тоа е веќе прашања на „хемија“… и по малку физика! А можеби се’ ќе се сведе само на… музика!?
Бидете така или што би рекеле – Stay tuned и ќе видите!
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry