Радио Милева „усни на усни“...

Кристина Димитриевска подготвена за „руски бакнеж“: Мисицата природната убавина ја „зачини“ со естетска корекција (ФОТО)

Кристина Димитриевска подготвена за „руски бакнеж“: Мисицата природната убавина ја „зачини“ со естетска корекција (ФОТО)

Откако по разводот со Даниел Кајмакоски како од „земја да изникна“, иако и пред тоа беше малку позната, за Кристина Димитриевска последниве години непрестано се зборува, озборува, објавува во медиумите, споделува по социјалните мрежи… Едноставно популарноста максимално и порасна иако е евидентно дека може уште повеќе и е далеку од максимумот.

За неа најчесто се вели дека е „доволно убава и без трошка шминка“, а сета убавина и е дар од мајката природа, зашто на неа се’ е природно!?

Арно ама, дали е баш така? Можеби и беше до скоро, до пред некој ден, но сега сексапилната тетовчанка самата се пофали дека на мајката природа и придодала малку естетска надоградба. И тоа на она што многумина прво го забележуваат кога ќе ја погледнат, а тоа не в очи.

Иако и до сега Кристина имаше природно полни усни како зрели цреши, убавицата решила уште малку да ги надополни, да им го зголеми волуменот и промени обликот. Затоа мисицата отишла кај еден од најпознатите „липс мајстори“ во Македонија, кој се погрижил своето естетско умеење комплетно да го вгради во нејзините усни, исполнувајќи и ја желбата на убавицата или пак можеби новиот облик е по негов предлог и наговор?!  Нови на старите усни или „усни на усни“…!

Како и да е Кристина самата се пофали со кусо клипче гордо и задоволно покажувајќи ги своите нови  „руски усни“ со „московски шмек“. Налик на зрели јаготки, кои заводливо мамат да ги ставиш в уста. Или што би рекле: Сега блазеси му на оној што прв ќе го почувствува нејзиниот сочен „руски бакнеж“!

Сепак, тој среќник  за тоа ќе мора малку да причека. Зашто постестетските протоколи велат вака:

Ако е за утеха, доколку Кристина Димитриевска со својата широка насмевка досега можеше да си остави „кармин на уши“, отсега со новите „руски усни“ ќе може да си остави кармин и на носот!

Сепак, да се разбереме… Мисицата со новите усни никогаш не изгледала попримамливо и попожелно заааа… знаете веќе што: за „руски бакнеж“!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

To top