Радио Милева прашања, одговори и една дилема...

Кристина Димитриевска одговараше на нивните прашања, па со една фотографија во неколку пози ги стави во дилема обожавателите: Носи ли долна облека Кристина, кога ќе облече летно фустанче и во зима? (ФОТО)

Кристина Димитриевска одговараше на нивните прашања, па со една фотографија во неколку пози ги стави во дилема обожавателите: Носи ли долна облека Кристина, кога ќе облече летно фустанче и во зима? (ФОТО)

Македонската мисица, топ модел, пејачка… Кристина Димитриевска решена е по секоја цена да изгради кариера. Се обидува паралелно  на повеќе полиња, па каде успее – таму, а зошто не и на неколку одеднаш?

Пред некое време сподели фотографии од снимање на нов спот, а сега одново побара да ја прашуваат, а таа да одговара на прашањата на обожавателите и нејзини Инстаграм следбеници.

Таа во одговорите ја најави и новата песна и видео, за кои тетовската убавица тврди дека вакво нешто досега не е видено!

Кристина Димитриевска во „видео за возрасни“, ве има на нишан: Македонската секси мисица во постела, ја чисти цревката на пушката (ФОТО+ВИДЕО)

Баш да видиме, што тоа досега не сме виделе воопшто или не сме го виделе само од неа?

Во меѓувреме, стигнаа и љубовните прашања. Оние за интимниот живот на тетовската убавица, која по разводот од Даниел Кајмакоски интимата ја крие како змија нозете. Како баба пензијата под душек!

Официјално „среќно разведена“ и сама, а неофицијално Кристина Димитриевска љубовно инспирирана, но „неостварена желба“  на многумина.

Арно ама, попусто си прават „своја математика“, ако претходно не научиле „правилно  граматика“. Како оној, еден од многуте, што директно го праша „убавото рипче“ дали е во врска, а Кристина индиректно интелигентно му одговори, дека прашањето му е тотално „без врска“!

И кога веќе така добро го „извозе“ љубопитниот претендент, дојде нов момент за потврда дека „можеби официјално е сама“, но неофицијално и тоа како има некој што ја инспирира и преокупира… И неа и нејзиното срце, некој кој  веројатно „ја вози“ од возбуда до возбуда, од љубовен занес до мигови на страст, од моменти на целосна исполнетост и катарза до тотално празнење…

Веројатно токму и затоа кога ја прашаа која марка автомобили и е омилена, сексапилниот совозач од предното седиште, како „од пушка“ одговори:

„Шоферот е битен, ало…“!

Апсолутно е битен, најбитен…! Добар возач, особено ако покрај себе има ваков секси совозач, добро „вози“ и во лер, со крената рачна… На некој скриен, тивок, осамен паркинг!

Но, она што веројатно најмногу им ги ококори очите и на возачите и на оние што во кола не седнале, е последното издание на Кристина, или поточно нејзиниот ултра секси стајлинг во кој излезе на ноќна прошетка, па го овековечи со една фотографија во неколку пози.

Русокосата убавица во бело мини фустанче со врвки на шнирање и однапред и од страните, нагрната само со куса бела бундичка не само што машките следбеници ги остави со „падната вилица“, туку ги стави во недоумица и тешка дилема. Па овој пат наместо неа, самите себе се запрашаа и тоа јасно граматички:

„Дали под вакво моделче на фустанче, не се носат ниту градник ниту гаќички?“

За првото е евидентно од фотографиите, а за второто можете само да нагаѓате…

Или евентуално да ја прашате Кристина, носи ли долна облека кога ќе облече летно моделче и во зима?

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

 

 

To top