Радио Милева решена да успее...

Кристина Димитриевска облечена „само по парфем“ (ВИДЕО)

Кристина Димитриевска облечена „само по парфем“ (ВИДЕО)

Уште оддамна беше јасно дека Кристина Димитриевска е решена по секоја цена да стане ѕвезда… И тоа не само домашна, туку и регионална… Без оглед колкави и се вокалните можности и какви и се телесните квалитети. А, дали ќе ја слушате или само гледате при изведнбата на нејзините песни и видеа – изборот останува на вас.

Како и да е, русокосата убавица она што го наумила го остварува. Полека, стапка по стапка,  патот што го зацртала, бившата сопруга на Даниел Кајмаковски го гази со цврст чекор… Колку успешно и до каде ќе дотурка, времето ќе покаже. Она што сега го покажува се собирањето титули за мис и по првата и втората песна. Овој пат во дует и на српски јазик.

Имено, Кристина Димитриевски цврсто решена да стане пејачка и да му ја засени салават на својот многу попознат екс сопруг, ја промовираше новата песна, овој пат на српски иако отпеана заедно со уште еден Македонец – Амир Ибраимоски.

Очигледно намерата е да се згази на регионалниот пазар, да се влезе во „големата естрадна бара“ која иако е полна „со естрадни чудовишта“ кои за миг може да те проголтаат, ако си доволно умен, умешен и талентиран, можеш брзо да станеш едно/а од нив. Друго прашање е дали и што од наведеното Кристина Димитри(евска) поседува како кавлитет?

Талентот за пеење, секако не е нејзиниот главен адут, па оттаму и прашањето колку и е воопшто умно да се впушта во ваква авантура?

Од друга страна пак, умешноста, упорноста, желбата, волјата и подготвеноста на се’ само за да успее се посилни од „талентот“ за пеење, на кои ако им се додадат расните телесни атрибути и бујниот раскош на русокосата убавица, станува јасно дека можеби и не така далеку да излезе од анонимност и да влета како „ново дете“ на регионалната естрада? Конечно, сличните примери на една Кија Коцкар или Луна Ѓогани го потврдуваат тоа? Кога можеа тие, што не би можела и Кристина?!

Впрочем намерата и е таква, а наменета на новата песна „Само парфем обуци“ („Само парфем облечи“) исто така. Она што и досега го покажуваше како најдоброто од себе, доминира во видеото изработено од „АХ продукција“ на колегата Ален Хасановиќ.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bivshata-na-daniel-e-turbo-kristina-go-isprati-gastoz-vo-parovi-pa-mu-se-vrati-na-alen-hasanovikj-preku-koj-kje-pravi-kariera-foto/

Сцени со еротски набој, разголени пози, од онаа под тушот до оние во креветот, телесен раскош и бујни атрибути во прв план, сексапил кој ги дразни сетилата… Особено кога Кристина е облечена „само по парфем“. Видео кое ја следи приказната во стиховите. Работата во вокалниот дел ја завршил Амир… Воглавном, зашто и Кристина пее… Толку колку што треба… и може!

Се на се’, на Кристина Димитри и останува уште да и се погодат две работи: Песната да стане хит и нечија рака да ја „поттурне на мала врата“ на српската естрада.

Меѓу „блиските“ пријатели веќе ги има Гастоз, Саша Ковачевиќ… па и Ален Хасановиќ, кој е доволно познат таму, „горе“!

To top