Неодамна во домашните медиуми како бомба одекнаа написите дека пејачот Даниел Кајмакоски наводно „бил отруен“ од неговата бивша сопруга, мисицата Кристина Димитриевска, тогаш пејачот сеогласи од болница пишувајќи на социјалните мрежи да не се шират непроверени информации.
Оттогаш ситуацијата остана на тоа, и немаше расплет на приказната, барем засега.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-somnezite-deka-bil-otruen-od-bivshata-sopruga-misicata-kristina-dimitrievska-pejachot-daniel-kajmakoski-potvrdi-deka-e-vo-bolnica-tret-den-sum-ovde/
Во тој период убавата Кристина како да воопшто не беше засегната од она за кое се споменува нејзиното име, па ниту еднаш не се огласи со своја реакција на наводната вина која и ја неметнаа.
Напротив, на нејзиниот профил на Инстаграм таа објавуваше содржини како и вообичано, фотографии со синчето, од себе, работата…
Така беше и овој пат, меѓу нејзините нејнови објави се најде и таква каде Кристина покажа дека го сменила имиџот, однсоно ја исекла долгата коса која беше нејзин заштитен знак.
Веднаш по промената направи едно кусо видео, сакајќи да покаже како и стои новата фризура, а следбениците веднаш и дадоа потврда дека изгледа одлично.
За дамите важи правилото дека ја менуваат фризурата кога им се случува нешто ново во животот, а што има кај Кристина останува да видиме…
Како ви се допаѓа?