Радио Милева

Кристина Димитриевска направи хаос во вилата на „Парови“: Mисицата дојде јавно да го поддржи Гастоз – „Многу вредиш како човек“

Кристина Димитриевска направи хаос во вилата на „Парови“: Mисицата дојде јавно да го поддржи Гастоз – „Многу вредиш како човек“

Maкедонската мисица Кристина Димитриевска изминатиот период постојано добива пораки, комплименти и понуди да влезе во реалното шоу „Парови“ каде што е и нејзиниот пријател Ненад Маринковиќ Гастоз.

Имено, неодамна во рејалити шоуто го прашаа Гастоз што имал со Кристина, а тој одговори:

„Можеби можете на таа девојка да и пратите договор да дојде затоа што е Мис на Македонија. Јас неа многу ја поздравувам и бакнувам“.

Oтогаш на Инстаграм профилот на Димитриевска постојано пристигнуваа пораки со љубов, поддршка, понуди да влезе во „Парови“, дека со Гастоз би биле одличен пар и се прават нивни заеднички профили.

Мисицата деновиве беше гост во емисијата „Упознајте парови“ за да го подржи Гастоз.

Многу вредиш како човек. Немој тоа да го заборавиш“, изјави таа.

фото: Инстаграм/кристинадимтриевска

Гастоз и се заблагодари на убавите зборови и во емисијата во живо откри дека раскинал со неговата девојка Наида.

Раскинувањето се случило пред емисијата, а причинае е незадолството на семејството на Наида.

По гостувањето во емисијата, Димитриевска доби многу пораки, а дали ќе прифати понуда да влезе во реалното шоу, останува да видиме.

фото: Инстаграм/кристинадимтриевска

Потсетуваме, Гастоз во една прилика на социјалните мрежи и поласка на Кристина, па се договорија да одат на кино. Па така кога дојде тој во Скопје на настап, Кики и Гастоз се запознаа, а тој момент го овековечија со заедничка фотографија.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bash-ste-dobar-par-kristina-dimitrievska-vo-seksi-izdanie-zaedno-so-gastoz-vo-skopje-foto/

Она што е интерсно, српските медиуми Кристина ја пишуваат како „бивашата девојка на Гастоз“.

фото: принтскрин/хепи тв
To top