Радио Милева кога „лончињата ќе се измешаат“

Кристина Димитриевска добила „неприостоен предлог“: „Професорот“ со „недолична понуда“, пејачката со „брутална одмазда“… на социјалните мрежи (ФОТО)

Кристина Димитриевска добила „неприостоен предлог“: „Професорот“ со „недолична понуда“,  пејачката со „брутална одмазда“… на социјалните мрежи (ФОТО)

Кога стануваш познат, популарноста ти расте, се’ повеќе си експониран во медиумите, па и луѓето на социјалните мрежи почнуваат да се занимаваат се’ повеќе со тебе, со твојата работа, приватноста, твојот живот… Стануваш мета и на оние кои те обожаваат,  и оние кои не можат „да те смислат“! И тоа е белким логично објаснување за цената што ја плаќаат јавните личности.

Но, ако покрај популарноста си уште згодна, атрактивна,  сексапилна, привлечна, пожелна и провокативна, а секојдневно ја бомбардираш јавноста преку својот Инстаграм профил со скокотливи, заводливи и предизвикувачки фотографии, може да ти се случи се’ и сешто. Меѓу сите комплименти, пофалби и позитивни коментари, да има и по некоја „чудна“ понуда… И тоа во вид на „неприсоен предлог“ или поточно недолично прашање… како што тоа и се случило на Кристина Димитриевска. 

Македонската мисица и пејачка обзнани на своите Инстаграм приказни нешто што не е ниту прв пат, ниту само нејзе и се има случено, иако е далеку од пристојно и вообичаено. По интернет просторот „ординираат“ секакви чудаци, „оперираат разни пациенти“, само што за многумина од нив дијагнозата не е докажана. Потребно е да се најдат во прилика, во ситуација да се почувствуваат „слободни и опуштени“ за да добијат самодоверба да го покажат вистинското лице.  Освен, ако не е во прашање нешто сосема друго, но за тоа – подоцна!

Имено, Кристина Димитри јавно се пожали и обзнани дека поедин господин и нудел или поточно се интересирал за „цената на нејзините услуги“!? Но, не на оние пејачките, естрадните, ниту инфлуенсерските, туку за нешто сосема друго… Многу поприватно и поинтимно, директнно прашувајќи ја преку порака, „која и е тарифата“ за… знаете веќе што!?

Норамално, убавицата „извадена од штикли“, распаметена и лута решила „брутално да го возврати ударот“ со тоа што непристојниот предлог во вид на индискретно прашање, директно „му го шлапнала“ на своите Инстаграм приказни сосе име и презиме, фотографија и потекло, до трето колено… Или како што самата меѓудругото напишала:

„А сега следува реклама за малиов и поука за ако на некој следно му падне на памет да пише вакво нешто!“ – тргнала со својата возвратна офанзива навредената тетовка и продолжила:

„Е вака сега… Секој што ќе се осмели вакво прашање да напиша, да изглуми мангуп ќе помине и славно, а може и неславно да заврши! капирам дека 90% од атрактивните жени се на продажба, ама си го утнал профилот мангупче. Кристина заработува со својата професија и мозок… А гледам имаш ќерка, жена, внуки… Стај ги на продажба сите на куп! Еве со оваа реклама на моето стори ќе ви тргне бизнисот, ама не мешајте ме мене во тие валканици“ – возвратила видно изнервирана мисицата и пејачка на ист начин, што и покрај сета навреда, претрпена душевна болка и фрустрација, баш и не би требало да биде нејзино ниво на комуникација, за во продолжение да се правда со зборовите:

„Морав да се спуштам на вашето ниво, пошто на мое ниво нема да се рабереме“.

При тоа дополнила дека се надева, дека дотичниот и сите останати како него, ќе извлечат поука од ова!

Во меѓувреме Кристина добила порака од уште една, за неа непозната личност која во комуникацијата со мисицата тврди дека човекот и бил професор во средно и дека воопшто не е таква личност. Се сомнева дека некој му го злоупотребил профилот за да се задскрие зад него кога и го поставил „непристојното прашање за тарифата“ на пејачката, со што доаѓаме до она што може да биде веројатност, која на почетокот од текстов ја оставивме за подоцна!? Но, ако е така, „професорот“ е тој што треба случајот да го пријави во МВР и кај останатите соодветни органи и институции.

Во меѓувреме Кристина Димитри тврди дека има сигурни докази дека и на други девојки истиот лик им праќал недолични пораки, па тоа дополнително го споделила:

„Вака сега… Од истиов ‘мангуп’ ми пуштија девојки докази дека им пишува и нуди неморални работи. А згора на се’, професор е, а јас за кодекси треба да го учам… Дипломирав маркетинг и менџмент (затоа од мене добиваш реклама квалитетна)“ – продолжила во ист стил да биде немилосрдна мисицата и за крај, резимирала со предупредувачка порака:

„Луѓе, внимавајте кој им предава на вашите деца“ – без да појасни дали случајот можеби таа го пријавила во полиција и кај останатите надлежни органи, кога веќе како што вели, има и други докази за непристојните понуди на професорот?!  Се разбира ако воопшто е тоа тој и доколку навистина не се работи за хакирање и злоупотреба на нечиј профил?!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

 

 

 

 

 

 

To top