Вечер, 21 октомври 2019 година во Улцињ, Црна Гора, 47-ма година по ред, ќе се одржи финалето на изборот за Miss GLOBE 2019.
Нашата држава ја претставува 23 годишната Кристина Димитриевска од Тетово, членка на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој голем интернационален избор за убавина.
Кристина во јавноста преку ноќ стана позната кога се омажи со пејачот Даниел Кајмакоски, а однеодамна и као негова бивша сопруга, откако животните патишта по тригодишниот брак им се разидоа.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kristina-bivshata-na-kajmakoski-tolku-ja-navleche-tangata-shto-boli-od-gletkata-foto/
Таа веќе три недели престојува во Црна Гора, каде заедно со уште 50 девојки кои ќе претставуваат исто толку држави од целиот свет се подготвува за денешното финале.
„Изборот за Мис Глоуб вечерва од 20:15 часот ТВ гледачите во Mакедонија ќе можат да го проследат низ директен пренос на МТВ.
Нашата држава ќе има уште еден претставник на вечерашниот спектакл, поп пејачот Даниел Дан, кој ќе има настап во уметничката програма“, ни изјави шефот на македонската делегација во Улцињ, Црна Гора, Мики Црнокрак.