Македонската мисица и пејачка Кристина Димитри најмногу е поврзана со нејзиниот син кој го има од сега веќе бившиот брак со македонскиот Х-фактор победник, пејачот Даниел Кајмаковски.
Нејзиниот синче остана да живее со неа по разводот од поранешниот сопруг пред пет години, па откако кон крајот на февруари годинава го прослави 6- тиот роденден, малиот Давид сега тргна и на училиште. Грижливата мама Кристина не пропушти првиот училишен ден да не го овековечи, па ги сподели и чувставата, емоциите и доживувањето, како и училишната атмосфера на првиот школски ден. При тоа не заборави да ги спомене и да им се заблагодари на членовите на нејзиното најтесно семсјство, без чија помош и поддршка тешко дека би можела се’ да постигне и да биде успешна на секое поле – и приватно и професионално.
Најпрвин се дотера себе си, па го дотера и подготви за првиот училишен час и своето прваче, а моментот го овековечи со неколку фотографии покрај кои Кристина сподели: „Со среќа нека ти првиот училишен ден, мое се’ “!
Во училиштето најпрвин запознавање со учителката најсакана и секако со другарчињата… Оне најновите, со кои ќе ги делат и првите наставни програми, училишните клупи, часови и денови…
Потоа две фотографии и една посвета на единствената машка фигура во семејниот дом – нејзиниот брат, вујко на малото прваче, кој сега е и негов брат, заштитник, еден вид „втор татко“, кој внучето го научил многу работи или… можеби и се’, како што вели и самата Кристина.
Една фотографија од првиот училишен ден на малиот Давид пред влезот на училиштето и со неговата млада баба… Неговата омилена личност, или „втора мама“, која од првиот ден па се’ до сега е со него и покрај него.
Разбирливо тука се уште некои од членовите на семејството, како на пример тетката на првачето, која се најде исто така на листата на најблиските на кои атрактивната тетовка им е бескрајно благодарна за се’ што направиле за неа и нејзиното „се’ “.
А, нејзиното синче Давид отсега е прваче и „големо момче“ кое ќе брза секој работен за ден да не задоцни на час на повик на училишното ѕвонче. Нека е со среќа!
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry