Скопската зоолошката градина продолжи со кампањата „За здрави и среќни животни“. Прва која ја подржаа кампањата за заштита на животните беаше Тамара со малата Хана, а по неа се придружија Панчо (ДНК) и водителката Миа Костова заедно со нивните синови.
Дека се добри пејачки знаеме оддамна, уште подобри родители, поточно мајки – исто така, а сега дознавме и колку многу ги сакаат животните и имаат желба да се грижат за нив. И тие и нивните деца, кои ги воспитуваат во тој дух.
Македонската поп- фолк комбинација на пејачките Кристина Арнаудова Петровски и Елена Велевска беа новата родителска двојка, која со своите дечиња пристигна во ЗОО-Скопје да ја поддржат кампањата. А дечиња како дечиња, си играа како мали мечиња и се радуваа на дружењето со нивните нови пријателчиња од светот на животните, со кои до сега никогаш немале можност да отстварат толку близок контакт!
Арнаудова со своите синови Максим и Матео ги хранеше жирафите, се забавуваа со папагалите, ги галеа кенгурите, си играа со лемурите… за детска радост без крај.
Велевска пак со својата ќерка сродни души најде кај жирафите, па најмногу време им посветија ним.
„Со задоволство се вклучив во кампањата “За здрави и среќни животни”.Ви благодарам Скопје и ова место го препорачувам да го посети секој“ – напиша таа во пораката на својот Фејсбук профил.
Пејачките и нивните деца ги хранеа, галеа и си играа со животните, но заедно со дел од вработените во скопската ЗОО и ги едуцираа посетителите, а посебно најмалите дека сите нивни животни јадат здрава храна и дека кон нив треба да се однесуваме со многу љубов.
При тоа го повторија и потенцираа основното мото на кампањата: „Стоп за фрлањето нездрава храна, но и отпадоци во живеалиштата“!
Само не дознавме дали обете пејачки им запејаа по некоја своја песна на животните? Зашто како што велат, музиката го отвора апетитот и го стимулира доброто расположение.