Кристина Агилера на 18 декември наполни 41 година. Пејачката го прослави роденденот со пикантни топлес фотографии, на кои носи само секси кожени ракавици до надлактици.
Тековната 2021 година се покажа како доста важна за Агилера, бидејќи токму оваа година таа триумфално се врати на музичката сцена. Таа објави нова песна која ќе биде дел од нејзиниот следен албум. Ова ќе биде нејзиниот прв албум на шпански по 20 години.
„Со овој албум затворам еден цел круг круг во мојот живот“, изјави таа за магазинот „Пипл“.
„Ова е нешто што сакам да го направам долги години. Со музика се занимавам долго време, но ништо не се споредува со тоа што сум покрај музичари и уметници со латиноамериканско потекло. Тие носат енергија, љубов и страст“ – изјави музичката ѕвезда.
„Првиот албум на пејачката – „Кристина Агилера“, беше објавен во 1999 година. На музичкиот пазар од него се продадени над 14 милиони примероци. За нејзиниот втор албум, пејачката избра да пее на шпански и така во 2000 година се појави „Mi Reflejo“, пишува Woman.bg.
Инаку на разголените фотографии, русокосата Кристина и покрај годините изгледа повеќе од божествено. Фатална, привлечна, пожелна, провокативна, повеќе од секси…
Бујните гради секако во прв план, кои на некои фоторафии и ги прекрива косата, додека на другите ги прекрила самата со рацете преку кои ги ставила кожените „садо мазо“ црни ракавици.
Кристина Агилера за својот 41-ви роденден као дива нимфа во пози на кои изгледа налик на најсексапилните светски „ХХХ“ убавици.
Фото; Истаграм принтскрин/xtina