Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо на конференција за медиумите во Манчестер белсна ама буквално.
Додека одговараше на прашањата од новинарите, еден детаљ на него привлече големо внимание кај фоторепортерите. Станува збор за скапоцен часовник кој има 424 дијаманти!
Роналдо во 2013 година стана амбасадор на компанијата „Jacob&Co“ чиј часовник го носеше на настанот. Оваа верзија која е направена специјално за него вреди повеќе од два милиони евра.
Кога на часовникот ќе се додадат прстенот и обетките од истата колекција, јасно е дека Роки има на себе милиони евра.