Радио Милева За малку крвав понеделник во „Задруга 4“:

Кристијан Голубовиќ „полуде“ на Тара Симов, па се степа со обезбедувањето и извади нож: „Сега сите ќе ве заколам“! (ВИДЕО)

Кристијан Голубовиќ „полуде“ на Тара Симов, па се степа со обезбедувањето и извади нож: „Сега сите ќе ве заколам“! (ВИДЕО)

Реалното шоу „Задруга4“ за малку ќе прераснеше во кланица. За малку ќе се случеше голема трагедија да не беше обезбедувањето присебно, во што помогнаа и некои од учесниците кои едвај ги смирија двајцата главни виновници за инцидентот: Тара Симов и Кристијан Голубовиќ, кои очигледно „одлепија“ со живците. Таа зеде в рака ножици, а Кристијан се дофати за ножот… Но на сето тоа му претходеше нешто друго.

По кавгата меѓу Драгана Митровиќ и Тара Симов, се замеша Кристијан Голубовиќ, полевајќи ја со вода со Тара, а таа потоа му возврати.

Кристијан потоа скокна на Тара, а Ненад Алексиќ – Ша, застанаа во нејзина одбрана.

„Ја браниш љубовницата, а?“ 

„Зошто така ми зборуваш? Не можеш да ја пцујеш мајка ми“, му возврати Ша!

„Затоа што си безобразен. Ајде, бре пи*ко. Девојката  е нездрава. Се изживуваи не почитува никого“, извика Голубовиќ и тргна да се пресмета со Ша откако и овој го опцу и навреди. Обезбедувањето во тој момент скокна врз Голубовиќ, па тројца од нив едвај го додржаа да не го повреди Ша.

Но изгледа дека при таа гужва некој бил малку погруб со Кристијан, што дополнително го разжести бившиот криминалец кој начисто “полуде“.

Тогаш Кристијан излета од трпезаријата и замина кон пабот, каде од зад шанкот зеде голем нож и тргна назад кон трпезаријата и обезбедувањето.

„Само уште некој друг нека ме допре и ќе ве заколам сите. Ќе ве убијам…“ –  бенееше Кристијан. 

„Се колнам во своето дете. Ајде да видиме кој ќе ме допре сега. Сега ќе  ви ја е*ам мамата“, урлаше Кристијан кон обезбедувањето и продолжи да им се заканува, особено не еден од нив кој го стиснал силно за вратот во целиот тој метеж. 

Сепак некои од задругарите со дел од обезбедувањето успејаа да го смират и да го однесат назад во пабот, каде тој седна , но не престануваше да се заканува:

„Ќе излезам на 6-ти, знаеш. Ме фати од позади, смрдлива пи*ка, ме фати за врат, ми го стисна душникот. За малку ќе ме задушеше, ќе се онесвестев или ќе ме убиеше. Тоа го*но ја завршило кариерата, да си знае“ – рече сега веќе подсмиренио Голубовиќ,  во пабот.

Погледнете го видеото:

To top