Радио Милева закани и казна?

Кристијан Голубовиќ „не ја ни допре“ Станија, а веќе му виси тригодишна робија (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ „не ја ни допре“ Станија, а веќе му виси тригодишна робија (ФОТО)

„Сега се колнам во моите две деца дека ќе ја убијам Станија Добројевиќ лично, или преку моите луѓе, ако таа не ми се извини за навредите кон моите деца. Запомнете го ова, по цена да одам дури и во затвор 40 години“ – јавно и се закани  завчеравечер Кристијан Голубовиќ на старлетата пред ТВ камерите у сите учесници во реалното шоу „Задруга 4“.

„Не верував дека ќе бидам принудена да објавам вакво нешто на мојот профил, но за жал морам да реагирам на време, да апелирам и да ја подигнам свеста кај нашиот народ, нашата држава, нашиот судски систем, полицијата, медиумите. Ова не е прв пат јавно да ми се закануваат со смрт на најбрутален начин на национална телевизија! Пред пет години, овој човек јавно ме рекетираше, цела земја го гледаше и молчеше! Никој не реагираше! Сега тој јавно ми се заканува со смрт, државо, реагирај! Доволно е!“ – реагираше Станија на својот Инстаграм  и додаде дека ќе го тужи Голубовиќ.

 

View this post on Instagram

 

Nisam verovala da cu biti prinudjena da ovako nesto okacim na svoj profil, ali nazalost moram kako bih na vreme reagovala, apelovala i probudila svest kod naseg naroda, nase drzave, naseg pravosudnog sistema, policije, medija… Ovo nije prvi put da mi se na nacionalnoj televiziji na najbrutalniji nacin javno preti SMRCU?!!! Pre 5 godina me je ovaj covek javno reketirao, cela zemlja je to gledala i cutala?! Niko reagovao nije! Sad JAVNO PRETI SMRCU, DRZAVO REAGUJ?!!!! DOSTA VISE!!! Osim toga sto cu podneti krivicne prijave, apelujem na sve ljude da na ovakve stvari ne ostanu nemi vec da reaguju! Ovo nije rijaliti, ni soubiznis, ovo je MOJ ZIVOT I MENI SE VECERAS JAVNO PRETILO SMRCU!!!

A post shared by It’s me, Stanija! (@stanijadobrojevic) on

„Покрај поднесувањето кривична пријава, апелирам до сите луѓе да не молчат за ваквите работи, туку да реагираат! Ова не е реално шоу, ниту шоу-бизнис, ова е мојот живот по кој вечерва јавно посегнаа и ми се заканија со смрт!“ – напишала Станија.

Адвокатот Небојша Перовиќ вели дека ваквите закани се кривично дело загрозување на безбедноста и дека Голубовиќ се соочува со финансиска, но многу веројатно и затворска казна.

„Тоа е кривично дело загрозување на безбедноста. Значи, ако некој се закани на друго лице дека ќе биде повредено или нападнато по живот или тело, тој ќе биде казнет со затвор до една година или парична казна. Меѓутоа, ако таа закана предизвикала вознемиреност кај граѓаните, тогаш оној што се заканува ќе биде казнет со затвор од три месеци до три години затвор“ – вели Перовиќ и додава дека во овој случај треба да реагира и обвинителството.

„Надлежното обвинителство е должно, доколку дознае за постоење на какво и да било кривично дело, без разлика дали станува збор за информации од печатените или електронските медиуми,  да и наложи на полицијата да ги преземе потребните активности за утврдување и собирање факти што укажуваат на тоа дали е сторено или не вакво кривично дело“ – заклучува адвокатот Перовиќ.

Така што на Кристијан Голубовиќ иако „не ја ни допре“ Станија,  веќе му виси тригодишна робија.

Фото: Инстаграм и магазин ИН принтскрин / Небојша Мандиќ

To top