Радио Милева откачено

Кристијан Голубовиќ со тотална промена на изгледот: Поранешното „лошо момче“ со стајлинг како ДиЏеј Крмак отиде по новородениот син (видео)

Кристијан Голубовиќ со тотална промена на изгледот: Поранешното „лошо момче“ со стајлинг како ДиЏеј Крмак отиде по новородениот син (видео)

Втората сопруга на Кристијан Голубовиќ, Кристина Спалевиќ пред извесно време се породи и на свет донесе второ дете.

Поранешниот учесник на реалното шоу „Задруга“ дојде да ги земе детето и сопругата во многу специфичен стил.

Имено, тој се пред да пристигне во болницата посетил и фризерски салон во кој ја офарбал косата во зелена боја, а во споменатата боја е и остатокот од неговиот аутфит.

И додека едни го караат, а други го поддрж,уваат, најважно е што породувањето се одвивало во најдобар ред.

Потсетуваме дека по нејзиното породување Кристијан се огласи на социјалните мрежи.

– Добив син! Кирил пристигна! Пресреќен сум, како да не бидам, трет син! – напиша тој, а потоа откри како се Кристина и бебето:

– Се породи во 20:30 часот. Кристина е добро, бебето е дебело, фала богу се помина добро. Веднаш ми се врати, веднаш ми испрати слика од Кирил, убав е. Едвај чекам да го видам и тие да се вратат дома – рекол гордиот тато не обидувајќи се да ја скрие среќата.

фото: You Tube printscreen/ Paparaco Lov

To top