Поранешниот ријалити учесник и „жестоко момче од белградскиот жежок асфалт“, Кристијан Голубовиќ неодамна објави видео на TikTok кое многумина растажи, а некои други ги збесна.
Имено, домашниот миленик на Кристијан и неговата партнерка Кристина Спалевиќ ненадејно починало, а Голубовиќ го зел тукушто пцовисаното куче в раце и почнал облеан во солзи да го бакнува.
Овој клип брзо стана вирален, а додека некои целосно го разбраа Голубовиќ, други остро го осудија.
Кристијан потоа на својот профил на Инстаграм ставил црна слика на профилот што корисниците на социјалните мрежи обично ја објавуваат кога некој близок ќе им почине.
Голубовиќ несомнено го сакаше своето куче, а сопствениците на кучиња страдаат кога кучето им умира, но малкумина од нив во вакви тешки моменти „се сеќаваат“ сепак да земат мобилен телефон и да го снимат моментот на страдање за да им го покажат сето тоа на своите следбеници, а Криле тоа го направил.
@dukymon #viral #fypシ #forgoupage #foryou #fypシ゚viral #zadruga #zadruga6 #zadruga6cirkus #kristijangolubovic ♬ original sound – 🅳🆄🅺🆈🅼🅾🅽