Моделот Криси Тајген на социјалните мрежи го покажа својот украсен двор за време на новогодишните празници кој изгледа како вистинска бајка.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографија од дневната соба, а низ прозорецот може да се забележи украсениот двор.
View this post on Instagram
Дворот е полн со новогодишни елки од различна големина, покриен со снег и украсен со топчиња.
Криси реши да им даде на своите следбеници поцелосна слика, па ги постави своите две малечки меѓу новогодишните елки и го покажа дворот од другиот агол, на чиј влез чуваат две огромни Оревокршачи.
View this post on Instagram