Американската актерка Кристен Стјуарт ги собу салонките на црвениот тепих во Кан и продолжи да оди боса на закажаната премиера на филмот „BlacKkKlansman“.
Откако позираше за новинарите во фустан на француската модна куќа „Шанел“, Стјуарт направи неочекуван потег и ги зеде во раце црните салонки на висока потпетица и одеше босонога по мокриот црвен тепих и нагоре по скалите кон салата за проекцијата на филмот.
Стјуарт (28) на овој начин даде свој придонес кон протестот против одлуката на организаторите на Канскиот филмски фестивал да забранат жените на настанот да носат рамни обувки на црвениот тепих.
Во 2015 година на група средовечни жени им беше забранет влез на проекцијата на филмот „Керол“ бидејќи не носеле чевли со високи потпетици.
Тогаш Стјуарт изјави дека „нештата мора веднаш да се сменат“ и носеше патики со нејзиниот свечен аутфит сѐ додека не дојде време да се појави пред новинарите на црвениот тепих.