Криси Тајген со неколку црно – бели фотографии од болница објави дека го изгубила своето бебе.
Имено, манекенката напиша дека не можеле да го стопираат крварењето и дека парот е тажен поради загубата.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tazni-sliki-od-bolnica-krisi-tajgen-go-izgubi-bebeto/
„Шокирани сме и во длабока болка, болка која никогаш порано ја немаме почувствувано“, напиша Криси.
Под објавата следеа бројни коментари. Многумина изразија сочувство и поддршка. Меѓутоа, ги имаше и оние на кои не им се допадна објава, па ја критикуваа манекенката.
„Ова е многу тажно, но зарем навистина мора да позираат и да користат црно – бели фотографии, филтри и се тоа да го објават на социјалните мрежи? Мислам дека е непотребно. Нема смисла пред сите да зборуваат, мислам дека тоа е лична трагедија“, „Ова е глупо, зошто вакви фотографии“, „Жал ми е, но мене ова ми изгледа како наместено и добар маркетиншки трик“; „Ако ти е навистина тешко, нема да висиш на Инстаграм“….се само некои од коментарите.
View this post on Instagram