Англискиот пејач Крис Реа се сруши среде концерт во Оксфорд и итно е префрлен во болница, пренесуваат светските медиуми.
66-Годишниот пејач наводно паднал на бината за време на свој концерт и се тресел на подот.
„Се молиме се да е во ред со него. Само падна за време на изведување на една песна. Навистина не изгледаше добро. Загрижен сум“ – пишува еден негов обожавател на Твитер.
Пејачот кон почетокот на 2000-тите години победи рак на панкреасот, а минатата година имаше и мозочен удар. Има и дијабетес, па мора да прима седум дози инсулин дневно.
Пред да му се слоши, на сцената бил околу 45 минути.
Стоел пред микрофонот и ја држел гитарата кога раката започнала да му се тресе, се обидел да се задржи за микрофонот но не успеал, а потоа само се срушил, го опишуваат обожавателите несреќниот момент.
Концертот во Оксфорд бил еден од последните концерти од неговата турнеја во текот на која требало да настапи во 37 градови.