Претходната година Крис Прат се разведе од сопругата Ана Фарис.
По осум години брак Прат и Фарис претходната година ги потпишаа документите за развод. Парот се запозна во 2007 година на снимање на романтичната серија „Take me home tonight“, а се венчаа по две години врска. Меѓутоа, љубовна приказна заврши летото.
Не помина долго време, а актерот утеха најде во ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин Шварценегер.
Иако можеби многумина се посомневаа дека ова романса ќе трае, сепак не биле во право.
Актерот на социјалните мрежи објави фотографија со Кетрин во прегратки и откри дека неговата девојка прифатила да се омажи за него.
„Прекрасна Кетрин многу сум среќен што кажа „да“. Воодушевен сум што ќе се оженам со тебе. Одиме“, напиша Прат во описот на фотографијата.
На оваа вест реагираше и поранешната сопруга на Прат која им честиташе на младенците.