Радио Милева

Крис Браун повторно навали на Ријана ама фановите му покажаа каде му е местото

Крис Браун повторно навали на Ријана ама фановите му покажаа каде му е местото

Славната убавица од Барбадос, пејачката Ријана пред неколку дена ги запали социјалните мрежи со провокативна фотографија без градник на која не одолеа ниту нејзиното поранешно момче Крис Браун со кого имаше бурно минато.

Крис под фотографијата на пејачката остави зачуден „емотикон“ кој беше повеќе од јасен дека е во позитивна смисла, па фановите веднаш реагираа.

Тие не заборавија дека тој во 2009 година ја претепа Ријана вечерта пред доделувањето на Греми наградите, па жестоко му одговорија.

-Оставија ја мир Ријана, психо.

Пејачката не му одговори ништо на поранешното момче, додека други фанови коментираа како тој е глупав бидејќи ја изгубил неа.

To top