Радио Милева
заштитно лице

Кралското семејство ќе се згрози кога ќе слушне што подготвува Меган Маркл: Кејт Мидлтон никогаш не би можела да го направи ова, а еве зошто (фото)

Кралското семејство ќе се згрози кога ќе слушне што подготвува Меган Маркл: Кејт Мидлтон никогаш не би можела да го направи ова, а еве зошто (фото)

Според експертите за дигитален маркетинг, Меган Маркл би можела да стане една од најдобро платените инфлуенсери во светот, заработувајќи до 200.000 фунти за една реклама. Се споменува дури и дека сопругата на принцот Хари би можела да стане заштитно лице на луксузната модна куќа Диор. Да останеа во кралското семејство, таа никогаш немаше да може да го направи тоа, исто како што сега не може Кејт Мидлтон.Spotify“ и нанесе голем удар на војвотката од Сасекс претходно оваа недела, кога беше објавено дека нема да го обнови нејзиниот подкаст „Archetypes“ по само една сезона во етерот. Поради тој потег, Меган и принцот Хари би можеле да загубат 20 милиони долари. Но, тоа не е крајот на контроверзите околу војвотката.

Упатените тврдат дека таа би можела да биде „вредна стотици милиони долари“ доколку прифати некоја од понудите што постојано ѝ доаѓаат. Експертот за бренд, Ник Ед изјави за „MailOnline“ дека „Меган би можела да стане една од највлијателните луѓе во светот“. Дејли Мејл пишува дека војвотката на тој начин би можела да ги надмине имињата како Ким Кардашијан и нејзините сестри. Ким Кардашијан наводно заработила 47 милиони долари само за носење фустан од Долче и Габан на денот на нејзината венчавка.

Меган наводно се спријателила со маркетинг експертот Викторија Џексон, која стоела зад една од првите ТВ империи. Викторија е во брак со Бил Гати, чија маркетинг компанија Гути-Ренкер му помогна на поранешниот супермодел Синди Крафорд да ја претвори својата козметичка линија „Meaningful Beauty“ во бренд од 80 милиони фунти. Меѓу брендовите кои ги застапува е и JLo Beauty од Џенифер Лопез.

Меган го започна блогот во 2014 година, го затвори во 2017 година по свршувачката со Хари, а неодамна го ребрендираше блогот, што предизвика гласини дека има намера да го оживее.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева