Меган Маркл ја обивни Бакингемската палата дека водат нечесна и валкана кампања против неа бидејќи сакат да и го нарушат изгледот пред да излезе нејзиното интервју за емисијата на Опра Винфри.
Имено, поранешните асистенти ја обвинија Меган дека била манипулаторка и дека и се треселе од страв.
Меган изјави дека медиумот „The Times“ работи за Палатата и дека пишуваат неточни приказни за неа поради интервјуто кое наскоро ќе излезе.
Весникот The Times of London пишува дека војвотката избркала двајца лични асистенти и ги понижувала останатите вработени
Бакингемската палата вчера соопшти дека ќе спроведе истрага по пишувањата во весник дека поранешна работничка во палатата Кесингтон навела дека била малтретирана од војвотката, пренесе Time.
Од палатата велат дека се загрижени поради ваквите обвинувања, односно ќе се разгледаат околностите напишани во весникот и ќе се разговара со поранешните вработени лица спомнати во настанот.
Адвокатите на парот велат дека постојано се настојува да се наруши нивното достоинство и углед од страна на Бакингемската палата непосредно пред емитувањето на нивното големо интервју во кое Хари и Меган си ја отворија душата пред Опра Винфри.
Наведуваат дека Меган е растажена од овој последен напад на неа особено затоа што и самата била жртва на насилство и фактот дека е длабоко посветена кон давањето поддршка на оние кои доживеале траума и болка.
Во најавата за интервјуто кај Опра, Хари вели дека најголема грижа му е „историјата да не е повтори“, алудирајќи на смртта на неговата мајка, принцезата Дајана.