Радио Милева

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ три месеци пред сообраќајната несреќа оставил тестамент

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ три месеци пред сообраќајната несреќа оставил тестамент

Легендата на народна музика, Шабан Шаулиќ почина пред два дена во тешка сообраќајна несреќа во Германија, а во автомобилот со него биле неговиот кум и неговиот музичар.

Шабан како да пречувствувал дека ќе му се случи нешто, па пред три месеци напишал тестамент, пишуваат српските медиуми.

Своето богатство кое вреди милиони го оставил на неговаа сопруга, децата и внуците.

Најблиските пријатели на Шабан истакнале дека последната желба ја кажал на семејниот адвокат кој направил тестамент.

„Шабан во последно време беше многу вознемирен и како да пречувствуваше дека нешто ќе се случи. Едно утро се разбуди  и ја замоли Гоца да се јави на семејниот адвокат. Му кажа дека не се чувствува најдобро и дека сака да остави тестамент. Таа му кажа да не претерува и дека за тоа има време, но бидејќи беше упорен, Гоца го послуша“ вели извор за белградксите медиуми.

фото: Немања Николиќ

Тој додава дека тестаментот е напишан во нивниот дом.

„Тестаментот е напишан во нивниот дом, во присуство на Гоца. Во него пишува дека вилата ја остава на сопругата. Куќата во Крчедин ја остави на внуците, додека трите стана во Белград ги расподели на трите деца: Михајло, Санела и Илда. Наводно вилата на Дедиње и куќата во Крчедин не може да бидат продадени, додека со становите може да прават што сакат.Исто така тој и даде дозвола на Гоца да управува со неговата заштеда“ тврди изворот.

To top