Бизнисменот Милан Поповиќ во ексклузивно интервју во емисијата „Сценирање“ на водителката Љиљана Станишиќ на ТВ Курир.рс, опиша како се чувствувал додека неговото дете растело со неговата поранешна партнерка Северина Вучковиќ.
– Александар прекрасно си помина со семејството Којиќ, кога Северина живееше со нив. Ја имаше сета љубов што едно дете можеше да ја добие. Не можам доволно да му се заблагодарам на тоа семејство што му го овозможи сето тоа. И да бев дете, ќе сакав да живеам во таква средина. Не можам ни да замислам како би му било меѓу четирите ѕида во Загреб – изјавил Поповиќ видно потресен.
Водителката на емисијата го праша дали тоа се вистински солзи.
– Да, вака се чувствуваат сите татковци на кои им се одбива постојано да бидат со своето дете – изјави Поповиќ.
– Северина е личност која кога ќе влезе во соба со 100 луѓе ќе се обиде да ги шармира сите. Потоа ќе ги прегази тие 100 луѓе кои ги шармирала, и ќе оди во соседната соба за да шармира следни 100 луѓе. Таа има извонреден талент за шарм. За жал, тој шарм не може долго да трае – изјави „кралот на бакарот“.
Фото:Принтскрин/Курир.Тв/Ата Имаџес