Кралицата Елизабета Втора и забрани на војвотката од Сасекс да носи одредени парчиња накит од богатата кралска колекција. Истовремено, војвотката Кејт нема таква забрана. Според британските медиуми, оваа одлука не е изненадувачка и се крчка со месеци.
Инсајдерите во Бакингемската палата велат дека кралицата е лута од однесувањето на Меган во пресрет на свадбата, која го доживува како “премногу тешко”. Меган, на која и се препишува дека во тоа време додека кога се подготвувала за гламурозната свадба, на кралското семејство и персоналот им зборувала: “Што Меган сака, тоа ќе добие”, а по свадбата продолжила со слично однесување. Поради тоа постарите членови на семејството не се особено среќни.
Кралицата одлучи да воведе ново построго правило со цел за одржување на редот и хиерархија во семејството, пишува “Дејли мејл”, но прашањето е степенот до кој се придржува сопругата на принцот Хари. Од друга страна, Кејт нема да мора да се грижи за забраните.
– Палатата Бакингем не сака парчиња од кралската колекција да бидат достапни за Меган. Очигледно, за Кејт, како идна принцеза од Велс и постар член на семејството, овие парчиња се достапни. Ова не значи дека Меган ќе има можност да го позајми накитот од колекцијата во иднина, освен ако се смени ситуацијата – изјави за “Сан” извор од Бакингемската палата.