Радио Милева

Кралицата го викнала Хари да разговаат, а за она што му го кажала зборуваат сите

Кралицата го викнала Хари да разговаат, а за она што му го кажала зборуваат сите

Кралицата го повикала Хари на ручек во неделата за конечно да ги решат сите прашања и недоразбирања во врска со него и Меган во врска со нивното одделување од кралското семејство.

„Кралицата имала многу работи да му каже на Хари и ова беше идеален момент и двајцата да си кажат што им лежи на срцето. Во неделата првпат имале шанса навистина да си посветат повеќе внимание еден на друг во опуштена атмосфера“ – вели извор близок до кралското семејство.

фото:принтскрин/инстаграм

Кралицата, како што вели изворот, и понатаму е многу вознемирена поради одлуката на Хари и Меган да одат во Северна Америка, а особено поради тоа што, како што кажала “почесто сака да го гледа малиот Арчи“.

„Сепак таа прифати дека Хари донел конечна одлука, но и им дала до знаење дека нивниот договор ќе функционира сè додека не се обиудуваат да заработат пари преку своите титули и кралскиот статус. Затоа не им дозволи да го употребуваат зборот “кралски“ во функција на фондацијата која што ја основале“ – вели изворот.

Покрај тоа кралицата јасно им кажала на Хари и Меган дека “секогаш се добредојдени да се вратат доколку се предомислат и дека кралското семејство секогаш ќе ги дочека со раширени раце“.

To top