Радио Милева

Кралицата Елизабета се повлекува во изолација поради коронавирусот

Кралицата Елизабета се повлекува во изолација поради коронавирусот
фото: гуливер гети имагес

Кралицата Елизабета одлучила да се повлече од кралскиот двор и да се повлече во својот дворец Виндзор.

Поради короната која владее во светот, кралицата Елизабета одлучила да не го ризикува своето здравје и да се повлече во некој вид на изолација.

Како мерка против коронавирусот, таа неколку дена ќе се одмара во својот дворец Виндзор кој се наоѓа на 40 километри од Лондон, соопштуваат од Бакингемската палата.

фото: инстаграм

„Поради моменталната ситуацијата променет е распоредот на кралицата. Таа една недела порано пред Велигден ќе оди во дворецот Виндзор, односно од четврток, 19 март. Најверојатно таму ќе остане и по празниците“ пишуваа во соопштението.

Оваа одлука не ги изненади Британците бидејќи претходната недела кралицата Елизабета одложи неколку настани поради пандемијата корона.

Останати вести од Радио Милева