Радио Милева

Kралицата Eлизабета нема да се врати на своите кралски должности?

Kралицата Eлизабета нема да се врати на своите кралски должности?

Kралицата Елизабета моментално се наоѓа во изолација во дворецот Виндзор поради моменталната состојба со коронавирусот.

Нејзините соработници го чуваат нејзиното здравје, па сосема е неизвесно дали кралицата Елизабета ќе се појави во јавност до крајот на летото. Најнеопходните обраќања ќе ги прави преку видео.

Сепак, многумина шпекулираат дека кралицата Елизабета повеќе нема да се враќа на регуларните кралски должности затоа што се зборува дека опасноста од коронавирусот ќе трае со години.

Кралицата не сака да престане со работа, но ќе ги почитува мерките. Таа преку интернет секојдневно ги добива потребните информации.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kralicata-elizabeta-se-povlekuva-vo-izolacija-poradi-koronavirusot/

„Нејзиниот дневник со обврски е празен до есен. Откажани се сите летните забави. Тешко дека таа ќе се врати на „нормалните“ обврски“ вели кралскиот биограф Ендрју Мортон.

„Овој вирус ќе биде прустен со месеци, а можеби и со години. Ќе биде многу ризично кралицата секојдневно да се сретнува со луѓе. Таа отсекогаш ги сакаше овие средби, но не смее да ризикува“ додава Ендрју.

ФОТО: ГУЛИВЕР ГЕТИ ИМАГЕС

Една од главните грижи на кралицата е да не го зарази принцот Филип кој има здравствени проблеми.

Првпат по 27 години, Бакингемската палата е затворена за туристи и така ќе остане до крајот на летото.

To top