Кралицата Елизабета ја сподели првата објава на „Инстаграм“ споделувајќи фотографија од Музејот на науки во Лондон, а со која сака да помогне на промоција на летната изложба во тој музеј.
Фотографијата која кралицата Елизабета ја објави на „Инстаграм“ го покажува писмото од 19 век кој математичарот Чарлс Бебиџ го упатил на кралицата Викторија и принцот Алберт.
Кралицата во описот на фотографијата напиша:
„Во писмото, Бебиџ им објасни на кралицата Викторија и принцот Алберт за својот пронајдок, аналатичката машина, на која првите компјутерски програми ги креирала Ејда Лавлејс, ќерката на лордот Бајрон.
View this post on Instagram
Официјалниот профил на кралското семејство постои од 2013 година и има 4.6 милиони следбеници.