Разводот на Дејвид Линлеј, грофот од Сноудон, син на принцезата Маргарет од бракот со лордот Сноудон и внук на кралицата Елизабета Втора, од Серена, грофицата од Сноудон после повеќе од 25 години брак ја растажил кралицата, пренесува „Дејли Мејл“.
Линлеј објави дека тој и неговата сопруга се разведуваат, а нивните пријатели тврдат дека причина за разводот е негово отсуството од нивниот дом. Грофот тврди дека не е виновна трета личност.
Линлеј е најпознат по својата фирма за производство на скапоцен мебел, а фирмата го носи неговото име. ПР-от потврди дека парот се разведува.
„Парот ве замолува да ја почитувате нивната приватност и приватноста на нивното семејство“ .
Парот се венчаше во октомври 1993 година и имаат две деца,
За потсетување, пред само една недела, внукот на кралицата Елизабета, Питер Филипс објави дека се разведува од неговата сопруга Отомн.