Љубовна приказна која од самиот почеток е контраверзна, сигурно е онаа на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс.
Тие својата врска ја започнаа со неверство, затоа што принцот Чарлс во тоа време се уште беше во брак со принцезата Дајана.
Според пишувањата на „Globe“ нивниот брак е пред распаѓање, а наводно кралицата Елизабета му наредила на принцот да поднесе документи за развод.
Како што тврди извор на кралското семејство, кралицата пред да умре сака да ги реши сите скандали. Принцот Чарлс го молел судот оваа постапка да остане во тајност.
„Сакаше да го избегне овој скандал и срам“ вели соговорникот, не откривајќи премногу детали.
Пред неколку месеци, британските медиуми објавија дека нивниот брак е илегалан. Таблоидите тврдеја дека бракот е прекршен со законот од 19 век според кој бракот морал да биде склопен според церемонијата која ја препишува англиската црква, но тоа не било направено.
Се зборуваше дека заедно ќе го напуштат кралскиот двор и дека ќе си заминат во Италија.
Што се случува во кралското семејство останува да видиме.