Радио Милева
неверство

Крај на најбизарната врска? Меган Фокс ги избриша фотографиите со нејзиниот вереник (фото)

Крај на најбизарната врска? Меган Фокс ги избриша фотографиите со нејзиниот вереник (фото)

Меган Фокс прво ги избриша сите фотографии на Инстаграм совереникот Машин Ган Кели, а потоа го избриша и нејзиниот Инстаграм профил.

Актерката Меган Фокс (36) и музичарот Машин Ган Кели (32)започнаа врска од 2020 година, а во јануари минатата година се верија и ја подигнаа врската на повисоко ниво. Сепак, изгледа дека наместо да се омажи, актерката одлучила дека врската е завршена, доколку им се верува на нејзините најнови потези на социјалната мрежа Инстаграм.

Да потсетиме, пред само неколку дена американската актерка беше возбудена бидејќи нејзиниот вереник беше номиниран за Греми награда. Сепак, се чини дека бајката заврши синоќа бидејќи Меган Фокс јасно стави до знаење дека тие двајца се минато.

Тие синоќа биле забележани на настан во Аризона  и изгледало дека  кај нив се е во ред.

Меѓутоа, неколку часа подоцна Меган ги избриша сите нивни заеднички слики од Инстаграм, додека на профилот на нејзиниот вереник сè уште има нивни заеднички фотографии. А потоа објавила серија атрактивни селфиња пред огледалото, зад кое стои стилистот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gossipbih (@gossipbih)

Последниот кадар од секвенцата покажа симболична порака, а иако не знаеме на што се однесува, јасно е дека работите меѓу неа и музичарот не се баш добри. Меган потоа објасни се во описот на фотографиите.

„Го чувствувам срамот, ти е во здивот“, напиша таа на Инстаграм, цитирајќи стихови од „Лимонада“ песната на Бијонсе, за која се верува дека е референца за наводното изневерување на Џеј Зи.

Тогаш исчезна нејзиниот профил на Инстаграм, а на фан страните на убавата актерка фановите не престануваат со коментари. „Ако нејзиното момче ја изневерувало, нема надеж за други жени“, е еден од коментарите под оваа објава.

Фото: Принтскрин/Тикток/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева