Радио Милева убавината на порокот

Коста Петров на алтернативен „пат до успехот“: Коцката е фрлена? (ФОТО)

Коста Петров на алтернативен „пат до успехот“: Коцката е фрлена? (ФОТО)

Најпродаваниот и најчитан мотивациски автор во Македонија и основач на глобалната креативна агенција „Пи Ворлд“, Коста Петров реши работата малку да ја остави настрана и да се одмори.

Човекот кој со своите книги „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“… мотивираше илјадници други, посака да се мотивира малку и себе си, а мотивот беше: уморен од се – време е за себе!

Затоа Коста во придружба на убаво друштво замина далеку од Македонија. Мотивацијата за „оддишка на душата“ ја најде во “градот на гревот“ – како што го нарекуваат Лас Вегас.

Таму Коста отседна во еден од најпознатите и најлуксузни светски хотели – познатата „пирамида“ –  „Luxor hotel and Casino“.

Одморот и релаксацијата на највисоко ниво се подразбираат, ама да си турист во Вегас, а де не се коцкаш е веројатно поголем „грев“ отколку сите други во „градот на гревот“!

Токму тој предизвик го мотивираше најпознатиот македонски мотиватор, да си ја проба среќата и на тоа поле. Собра храброст да го надмине „стравот“, па реши: Или ова ќе биде неговото „последно кафе“ во главниот град на светската забава или уште подолго  „ќе се гледаме од врвот“… Барем на врвот на „пирамидата“ во која престојуваше.

Така, „исполнет со сигурност и убеден дека целиот универзум ќе работи со него за да ја постигне целта“, македонскиот мотиватор се фати во костец со една од многуте слот машини.

Убеден дека „се што му се случува, треба да му се случи, со сигурност си велеше во себе: Се е во ред Коста, се е во ред…“! Во ред или не… коцката беше фрлена! Возбудата максимална, забавата на ниво, исходот неизвесен, крајниот резултат познат само на мотиваторот!

Но, независно од крајниот исход и сутуацијата што му се случи, тоа е лекција која треба да се научи и зрак светлина кој го водеше онаму каде што требаше да стигне!

Дали сето знаење, умешност, искуство и мотивациски вештини му помогнаа на Коста да стигне до Џек пот?

Останува тоа да го прашаме кога ќе се врати. Се разбира, едно е сигурно: мајсторот на мотивацијата се измотивирал себеси само добро да се забавува!

 

To top