Планетарно популарната пејачка Селин Дион е на страниците на странските таблоиди поради килограмите, а новите фотографии се шокантни.
Селин се појави во Париз на Модната недела, привлекувајќи голем број на папараци и новинари, но втор ден по ред таа ги изненади речиси сите што ги видоа новите фотографии.
Фотографирана е во тегет фустан со длабоко деколте, а подолу се појавија и неколку коментари: “Изгледаш преслабо, буквално си коски и кожа”, “Јади барем нешто”, “Ти си на работ на анорексија”, ѝ порачаа многумина.
Потсетуваме, пејачката беше на работ на нервен слом по трагедијата што ѝ се случи. Првин почина нејзиниот сопруг и долгогодишниот менаџер Рене Анжелил на возраст од 73 години, а потоа братот Даниел (59). Сега, Селин Дион е во врска со помладо момче во чие друштво е постојано и во јавност.