Манекенката и сестра на Ким Кардашијан, Кендал Џенер (24), сериозно ги загрижи фановите со својот изглед.
На фотографиите кои што го обиколија светот, се гледа нејзиното изморено лице, неуредна коса и премногу тенката половина.
Иако таа била фотографирана пред одењето на ревија и оваа фризура ѝ била направена за модниот ангажман, на фановите не им се допадна што ја гледаат таква.
„Можеби не се разбирам во мода, но оваа фризура воопшто не ми се допадна“.
„Јади нешто, преслаба си. Воопшто не личиш на себе“ – гласел еден од коментарите.
„Од онаа убавица ни трага ни глас. Навистина изгледа изморено и тажно“ – се надоврзал некој нејзин обожавател.