Радио Милева судбоносното „да“ третпат

Кортни Kардашијан по третпат се омажи за Травис Баркер: Невестата блескаше во раскошна венчаница со волшебен вел (Фото)

Кортни Kардашијан по третпат се омажи за Травис Баркер: Невестата блескаше во раскошна венчаница со волшебен вел (Фото)

Ријалити ѕвездата Кортни Крадашијан и нејзиниот сопруг, тапанарот  Травис Баркер се венчаа „третпат“, а церемонијата се одржа во Италија, Портофин.

Кортни и Тревис за прв пат имаа тајна и „пробна“ венчавка  во Лас Вегас, на која присуствуваа само тие  двајцата, потоа кон средината на мај, тие официјално се земаа во Санта Барбара опкружени со најблиските пријатели и членовите на семејството.

Но, сега  следеше  уште една венчавка, трета по ред, која ја спонзорираше италијанската модна куќа „Долче и Габана“.

На церемонијата во Италија, покрај семејството и пријателите, присуствуваа и голем број познати ликови, кои на локацијата пристигнале со брод.

Кортни блесаше  во кратка бела венчаница, а на главата имаше вел со детали од тантела,  додека пак Тревис беше во костум со бела кошула и со лептир-машна.

Гордата мајка, Крис Џенер  блескаше во розова тоалета со детали од  пердуви и не се одвојуваше од Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

По венчавката следеше забава на терасата во замокот но,  далеку од љубопитните очи на туристите и папараците.

Инаку, Кортни претходно беше во долга врска со Тревис Скот со кого никогаш не решија да се венчаат, а од вонбрачната заедница имаат три деца.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/kourtneykardash/Профимедиа

To top