Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан во најновата епизода од новото шоу на нејзиното семејство „Кардашијанс“, кое се емитува на „Хулу“, откри дека случајно го згазнала свршеничкиот прстен и го скршила.
Тревис Баркер ја запроси Кортни со дијамантски прстен вреден еден милион долари. Крис Џенер во разговор со Кортни забележала дека не носи веренички прстен и ја прашала – Каде ѐ? Кортни одговорила дека случајно го скршила прстенот и потоа хистерично плачела.
View this post on Instagram
“Тоа е веројатно една од најлошите работи што сум ги направила во животот. Седев на подот и ги соблекував тренерките. Го извадив прстенот и го ставив до мене на подот, мислејќи дека веднаш до мене ќе биде безбеден “- ја започнала приказната.
„Морав да земам нешто од плакарот, а кога се симнав, застанав на прстенот. Плачев хистерично со часови, а потоа му се јавив на Тревис. Му реков дека направив нешто многу, многу лошо. “ – раскажала Кортни.
Тревис, кој го избрал и дизајнирал прстенот, добро ја поднел веста и го однел прстенот на поправка.
“Навистина ми предизвика нервен слом. Мислам дека тоа е најубавото нешто што сум го добила во животот, како можев да го направам тоа”- изјавила Кортни.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/kourtneykardash/јутјуб