Американската реалити ѕвезда Кортни Кардашијан на социјалните мрежи ја потврди својата врска со тапанарот Травис Баркер.
Имено, славната Кардашијан објави фотографија на која се држи со тапанарот за рака.
Најстарата Кардашијан не го означи тапанарот, а нејзините следбеници го препознаа по неговата тетоважа.
Покрај убавите коментари, се најдоа и негативни критики.
„Поубав ти е маникирот од него“, „Што ќе ти е некој како него?“, „Не си одговарате никако, не знам што виде во него“ се само некои од коментарите.
Кортни и Баркер се долгогодишни пријатели, а во јануари оваа година започна да се шпекулира за нивната врска.