Старлетата Кортни Кардашијан и тапанарот на Блинк 182, Тревис Баркер неодамна го добија своето прво заедничко дете.
Корни роди син, а иако среќните родители се уште не го објавиле името на момчето, странските медиуми пренесуваат дека на малиот му дале име Роки 13.
Покрај необичното име, Тревис и Кортни ги изненадија сите со едно правило што го имаат кога е во прашање нивното бебе.
Имено, како што пишува „Ју-Ес Сан“, двајцата нема да дозволат луѓето да доаѓаат кога и да посакаат да го запознаат синот, туку тие ќе испраќаат покани.
„Кортни и Тревис им кажаа на сите дека ќе земат слободно време само за себе и за своето мало семејство, но и за таа да се одмори“. Потоа ќе испратат покани до поширокото семејство, кое ќе може да го запознае нивниот наследник, но еден по еден“, изјавил изворот за споменатиот медиум.
Се надеваме дека Кардашијан ја донела оваа одлука за да го „заштити здравјето на нејзиниот син“.
Фото: Принтскрин/Профимедиа