Радио Милева
прво заедничко

Кортни Кардашијан е бремена: Веста на сопругот му ја откри со транспарент на концерт (видео) 

Кортни Кардашијан е бремена: Веста на сопругот му ја откри со транспарент на концерт (видео) 

Кортни Кардашијан одлучила на поинаков начин да му ја открие бременоста на својот сопруг Тревис Баркер, држејќи транспарент во рацете на кој пишувало дека е бремена на настап на неговиот бенд Blink-182 во Лос Анџелес.

Кортни држеше транспарент на кој пишуваше „Тревис, јас сум бремена“. Натписот брзо го воочил еден од членовите на бендот, кој го прекинал настапот за Тревис да се симне од сцената и да стигне до неговата сопруга Кортни.

Веста за нејзината бременост доаѓа една година откако парот се венчаше во Италија, а претходно изразија желба да имаат заедничко дете.

За потсетување, ова е прво заедничко дете на парот, а Кортни има три деца заедно со поранешниот партнер Скот Дисик: Мејсон (13), Пенелопе (10) и Рејн (8). Баркер го има синот Лендон (19) и ќерката Алабама (17) со неговата поранешна сопруга Шана Моаклер.

Фото: Принтскрин/Твитер/Профимедеа

Останати вести од Радио Милева